Валенсија со многу мака и драматични моменти избори пласман понатаму, откако по 120 минути фудбал успеа да го совлада второлигашот Картагена со 2-1. Херој на вечерта беше македонскиот голман Столе Димитриевски, кој со блескава интервенција во самиот финиш го задржа тимот во игра.
Картагена поведе во првото полувреме, кога Ортуно успеа да го совлада Димитриевски, па домаќините ја завршија паузата со водство од 1-0. Тоа резултатско преимуство траеше сè до 80. минута, кога Белтран погоди и донесе израмнување за Валенсија.
Кулминацијата на драмата се случи во 119. минута, кога Картагена доби пенал. Санчез шутираше, но Димитриевски со фантастична одбрана ја спаси својата екипа и го одржа резултатот жив. Само две минути подоцна, во 121. минута, Васкез одлично реагираше и погоди за конечни 2-1, обезбедувајќи победа и големо славје за гостите.
Димитриевски ја обележа вечерта со одбрана која директно ја смени судбината на натпреварот и уште еднаш потврди дека е еден од најсигурните голмани во Ла Лига.



























