УТРО.мк

РКЕ со нова одлука: Од 1 јануари се намалуваат трошоците за пренос и дистрибуција на електрична енергија

РКЕ со нова одлука: Од 1 јануари се намалуваат трошоците за пренос и дистрибуција на електрична енергија
Vero

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска донесе одлука со која од 1 јануари 2026 година се намалуваат трите клучни ставки што влијаат врз крајната цена на електричната енергија. Надоместокот за користење на електродистрибутивниот систем Електродистрибуција ДООЕЛ се намалува за 3,64%, надоместокот за преносниот систем на МЕПСО се намалува за 2,67%, а цената на услугите на МЕМО опаѓа за 3,40%.

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, изјави дека со оваа одлука сега се познати сите елементи што ја формираат крајната цена на струјата – цената и количината на набавената електрична енергија, услугите на мрежните оператори и затворените набавки за загуби. Универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ, под надзор на РКЕ, треба да ја направи пресметката и да ги објави финалните цени по тарифни блокови.

Бислимоски посочи дека делот кој РКЕ го регулира има влијание од околу 36% врз крајната цена на струјата.

Во структурата на крајната цена, надоместокот за електродистрибуција учествува со околу 33%, надоместокот за преносниот систем со околу 4%, додека услугите на МЕМО имаат минимално учество од 0,19%.

Конечната цена за домаќинствата ќе биде позната по пресметката на ЕВН ХОМЕ, која треба да биде објавена во наредниот период.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран