УТРО.мк

Евровизија 2026 во Израел доби зелено светло, но четири земји веќе најавија бојкот

Евровизија 2026 во Израел доби зелено светло, но четири земји веќе најавија бојкот
Vero

Најголемиот европски музички спектакл е погоден од невидена политичка бура, која ја доведува во прашање неговата иднина. Откако Европската радиодифузна унија (ЕБУ) му даде „зелено светло“ на Израел да настапи во 2026 година, четири земји – Ирска, Шпанија, Холандија и Словенија – официјално објавија бојкот на натпреварот!

Одлуката беше донесена на Генералното собрание на ЕБУ, каде што членките не гласаа за исклучување на Израел, туку усвоија нов пакет правила за наводна „заштита на интегритетот и неутралноста“ на натпреварот. Овој маневар, кој практично го задржа Израел во игра, го предизвика гневот на неколку јавни сервиси.

Ирска (рекордерот по победи!), шпанската РТVE, холандскиот Авротрос и словенечкиот РТВСЛО го спроведуваат своето претходно ветување. Тие едногласно сметаат дека учеството на Израел, во услови на војна во Газа и хуманитарна катастрофа, е некомпатибилно со мисијата и јавните вредности на медиумите!

Холандија се огласи за нејзиното учество на Евровизија: „во сегашните околности е некомпатибилно со јавните вредности што се важни за нас“. Шпанија оди до крај, РТVE не само што се повлекува, туку најавува дека нема да ги емитува ниту финалето, ниту полуфиналните вечери во 2026 година!

Бојкотот е мотивиран од двоен фронт: хуманитарната трагедија во Газа и сериозни сомнежи за злоупотреба на Евровизија за политички цели! Јавните сервиси зборуваат за притисоци, несразмерни кампањи и нефер практики во гласањето, а новите правила на ЕБУ ги сметаат за недоволни за враќање на довербата.

Додека едни бојкотираат, други силно ја поддржуваат одлуката на ЕБУ. Германија претходно предупреди дека ќе ја преиспита својата улога ако Израел биде исклучен. Овие земји инсистираат дека натпреварот мора да остане исклучиво културна арена, осудувајќи го бојкотот како непотребно политизирање.

Со повлекувањето на четири големи земји, вклучувајќи ја и моќната Ирска, и најавата за медиумски бојкот на преносите, ова е најсериозниот потрес за Евровизија во последните децении! Наместо да ја слави својата 70-годишнина со еуфорија, натпреварот во 2026 година започнува во сенка на длабоки поделби, прашања за интегритетот на гласањето и жешка дебата – дали е воопшто можно да се одвои културата од политиката кога во позадина беснее војна?!

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран