УТРО.мк

Следното лето стартува изградбата на брзата пруга: Николоски со план за третата делница кон Бугарија

Следното лето стартува изградбата на брзата пруга: Николоски со план за третата делница кон Бугарија
Vero

Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, со оптимизам кој влева надеж, ги открива деталите за реализацијата на двата капитални железнички проекти! Во ексклузивно интервју за МИА, Николоски најави интензивно темпо за модернизација на железницата.

Според првиот човек на Министерството за транспорт и врски, брзата пруга од Табановце кон границата со Грција оди „одлично“ и веќе е во фаза на сериозна подготовка.

„Работиме со престижна меѓународна компанија, препорачана дури и од Велика Британија. Веќе имаме најдобра индикативна понуда за финансирање и наскоро влегуваме во избор на изведувач“, потенцира Николоски.

Иако подготвителните активности се во тек, министерот е јасен – се очекува граѓаните да го видат вистинскиот почеток на терен, со машини и градежна опрема, идното лето!

Што се однесува до железничкиот Коридор 8 кон Бугарија, работите се интензивираат!

Додека делницата Куманово-Бељаковце е завршена, а Бељаковце-Крива Паланка е во полн замав, фокусот сега се префрла на последната, најтешка фаза. Николоски најави дека тендерот за изградба на третата делница – клучна за поврзување со соседот – ќе биде објавен до крајот на декември или најдоцна на почетокот на јануари!

„Веќе објавивме информација на европскиот сајт за тендерски процедури и очекуваме голем интерес. Во јануари веќе да имаме објавен тендер, и за надзор и за изведба“, изјави министерот Николоски.

Исто така, тој изрази силна надеж дека изградбата на меѓуграничниот железнички тунел со Бугарија ќе започне во 2031 година, под услов и бугарската страна да ја испочитува ветената динамика од бугарското министерство за транспорт.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран