Екипата на ТВ21 излезе на терен по добиената информација за колосална пукнатина во земјата, регистрирана во атарот на Липково.
Драматичните снимки сведочат за длабок и широк расцеп кој претставува директна и сериозна опасност за околните објекти и виталната инфраструктура во регионот.
Станува збор за активно свлечиште кое веќе предизвикува значителна материјална штета и, што е најзагрижувачки, претставува непосредна закана за безбедноста на локалното население. Надлежните институции се повикуваат на итна реакција.



























