Општина Струга и едно одговорно лице се најдоа на тапет. Во вистинска правна драма, полицијата поднесе барање за поведување прекршочна постапка против локалната самоуправа и 65-годишниот М.Ќ. од Биџево, поради прекршување на законот за употреба на знамињата.
Пропустот се случил за време на прославата на Денот на албанското знаме на 28 ноември 2025 година. Според наводите на МВР, организаторите – Општина Струга и М.Ќ. – тотално ја игнорирале законската обврска. Иако на настанот, кој што се одржувал на главната улица „Маршал Тито“, било истакнато знамето на заедниците, државното знаме на Република Македонија било целосно изоставено!
Клучната бина и дел од кејот на Црн Дрим, кои беа централни точки на прославата, останале без македонскиот симбол.
„ОВР Струга поднесе барање за поведување прекршочна постапка против правното лице-општина Струга и против одговорното лице М.Ќ. (65) … поради сторено дело спротивно на член 6, а казнивo по член 11 од Закон за употреба на знамиња на заедниците во Р. Македонија“, изјавија од МВР.
Ова непочитување на државните симболи сега ќе добие судски епилог.



























