УТРО.мк

Целосно реконструираната сала „Работнички“ ќе биде наречена по Лазар Лечиќ

Целосно реконструираната сала „Работнички“ ќе биде наречена по Лазар Лечиќ
Vero

По обемната реконструкција, спортската сала „Работнички“ ќе го носи името на легендарниот кошаркарски тренер Лазар Лечиќ, најави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Иницијативата за именувањето, како што посочи Герасимовски во интервју за „Тема на денот“ на Сител телевизија, доаѓа од ветераните на КК „Работнички“ и пошироката спортска јавност, кои инсистирале салата да продолжи да ги носи клубскиот дух и традиција.

„Проектот за реконструкција е реализиран на начин што заслужува гордост. Благодарност до претходната и актуелната Влада за финансиската поддршка, која ни овозможи салата да биде целосно реновирана од темел“, изјави Герасимовски.

Новиот објект сега располага со современ паркет, напредно осветлување и вентилација, обновени санитарии и модерни канцеларии за спортските федерации – речиси секој дел од салата е обновен. „За мене ова е многу значајно, а верувам дека ќе има посебна вредност и за сите граѓани на Центар и Скопје“, додаде тој.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран