На меѓународниот џудо натпревар „Струга Опен 2025“ во организација на Џудо клубот „Дрим“, натпреварувачите на џудо клубот „Суперџудо“ од Скопје под водство на тренерите Александар Димитријоски и Јорданчо Ѓорѓиоски имаа исклучителен настап, враќајќи се дома со освоени осум медали.
Натпреварувачите на клубот демонстрираа извонредна техника, борбен дух и спортска зрелост.
Сребрени медали освоија Кјара Нефовски, Драган Кедиоски и Матеј Трајковски, а бронзени медали понесоа Ерик Антон, Димитар Марковски, Никола Стојановски, Калин Намичев и Стефанија Златаноски.

Од клубот истакнуваат дека се особено горди на целиот тим, кој со својата посветеност и став на татамите покажува дека „Суперџудо“ е на вистинскиот пат кон нови успеси.