УТРО.мк

Скали преполни: Прилепската публика го гледа фудбалот и надвор од стадионот

Скали преполни: Прилепската публика го гледа фудбалот и надвор од стадионот
Vero

Фудбалот во Прилеп повторно покажа дека љубовта на навивачите не се мери со казни. Денешниот натпревар на Победа против Новаци беше трет по ред во рамките на казната на ФФМ за играње без публика. Иако навивачите не смееа да влезат на Градскиот стадион „Гоце Делчев“, скалите кај старата болница беа преполни.

Прилепчани, особено групата позната како „борини“, повторно покажаа посветеност, следејќи го натпреварот и тренинзите на својот омилен клуб однадвор. Слична сцена се забележа и на претходните два меча со Кожуф и Брегалница Ш., а се очекува и на последниот од казната, натпреварот со Преспа на 3 март.

Љубовта кон Победа во Прилеп не се ограничува на трибините – таа се гледа и на скалите, каде страста кон фудбалот е подеднакво силна.

Извор: shampion.mk

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран