Катастрофални временски услови го заглавија авионот на Реал Мадрид над Њујорк пред натпреварот со ПСЖ
Реал Мадрид се соочи со сериозни проблеми пред полуфиналето на Светското клупско првенство, откако авионот на тимот поради силна бура и неповолни временски услови беше принуден да остане над два часа во воздух над Њујорк, неспособен да слета.
Ова предизвика неизвесност и откажување на прес-конференцијата на главниот тренер Чаби Алонсо, која беше планирана пред натпреварот.
ФИФА брзо интервенираше и со максимални напори помогна безбедното и навремено слетување на шпанскиот гигант.
Конечно, авионот слета во Њујорк, каде вечерва Реал Мадрид ќе игра против Пари Сен Жермен.
Во меѓувреме, ПСЖ пристигна порано и вчера веќе одржа тренинг во базата на Универзитетот „Ратгерс“, добивајќи предност во подготовките.