УТРО.мк

Седлоски го комплетираше стручниот штаб на фудбалската репрезентација

Седлоски го комплетираше стручниот штаб на фудбалската репрезентација
Vero

Новиот селектор на фудбалската А репрезентација на Македонија, Гоце Седлоски, официјално ги претстави соработниците со кои ќе ја води националната селекција во претстојниот период.

Дел од стручниот штаб како асистенти ќе бидат Борче Христов, актуелен шеф на стручниот штаб на ФК Тиквеш и директор на Центарот за едукација, Ерхан Селими, досегашен селектор на репрезентацијата до 19 години, како и Зоран Бошковски – Чоко, легендарен македонски фудбалер и стрелец на првиот гол во историјата на националниот тим.

Во тимот се приклучува и поранешниот репрезентативец Ванче Шиков, кој зад себе има 58 настапи за Македонија, додека за работата со голманите ќе биде задолжен Гого Јовчев.

За видео-аналитичар на А репрезентацијата е ангажиран Мартин Христов, а селекторот Седлоски најави дека дополнително ќе го објави и името на кондицискиот тренер кој ќе се приклучи на стручниот штаб.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран