
Основен кривичен суд Скопје денеска го осуди 25-годишниот Фатон Љури на 11 години затвор за тешката сообраќајна несреќа што се случи на 1 јули годинава.
Љури со мотоцикл „Кавасаки“ удрил пешак на кејот на реката Вардар, на дел наменет само за пешаци, по што избегал од местото на несреќата. Повредениот, 68-годишниот Југослав Николовски, подоцна починал во Клиничкиот центар од тешки повреди на главата.
Судијката Снежана Марковска нагласи дека обвинетиот управувал мотоцикл без возачка дозвола и без регистарски таблички, свесно доведувајќи во опасност други учесници во сообраќајот.



























