УТРО.мк

Ноќ на инциденти: физички пресметки на повеќе локации во Скопје

Ноќ на инциденти: физички пресметки на повеќе локации во Скопје
Vero

Во изминатите денови, скопската полиција регистрираше повеќе инциденти со физички пресметки пред угостителски објекти во градот.

На 29 декември околу 01:00 часот, во угостителски објект на подрачјето на Кисела Вода, Д.К.(35) физички го нападнал Н.С.(20), двајцата од Скопје. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Истиот ден, околу 03:00 часот во село Батинци, по претходна расправија, била нарушена јавната ред и мир со меѓусебна физичка пресметка помеѓу С.С.(29) од Батинци и Е.С.(31) од Скопје. По целосно документирање, ќе следува соодветен поднесок.

На 28 декември, околу 01:30 часот пред локал на подрачјето на Центар, Д.А.(46) од Скопје пријавил дека бил физички нападнат од едно лице, додека околу 02:30 часот пред угостителски објект во Градскиот парк, Т.Л.(19) од Скопје бил нападнат од лице кое работело како обезбедување. Полицијата ги презема потребните мерки за расчистување на двата случаи.

Истиот ден, околу 21:00 часот во угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром, била нарушена јавната ред и мир со физичка пресметка меѓу повеќе лица од Скопје. По целосно документирање, ќе следува соодветен поднесок.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран