Инцидент на кавадаречка улица заврши со полициско приведување и кривични пријави.
43-годишен жител на Кавадарци бил лишен од слобода откако, во сред бел ден, покажал агресивно однесување кон полициски службеници кои извршувале службена задача. Настанот се случил вчера околу 12:15 часот на улицата „Миле В’чков“, каде што полицијата интервенирала поради нарушување на јавниот ред.
При постапувањето, кај лицето Т.С. било утврдено исклучително високо ниво на алкохол во крвта – 3,13 промили. По интервенцијата, тој бил задржан во полициска станица, а за случајот бил известен и надлежен јавен обвинител.



























