УТРО.мк

Македонија доби 13 милиони евра за модерен транспортен систем на Коридор 10

Македонија доби 13 милиони евра за модерен транспортен систем на Коридор 10
Vero

Македонија обезбеди грант од 13,56 милиони евра од Светска банка за воведување на интелигентен транспортен систем (ITS) на Коридор 10, во рамки на Проектот за олеснување на трговијата и транспортот на Западен Балкан. Договорот за грант го потпишаа министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и директорката на Светска банка за Македонија Карол Межеван.

„Со овие средства се унапредува транспортната ефикасност и предвидливост на Коридорот 10. Проектот ќе овозможи олеснување на трговијата, намалување на трошоците за економските субјекти и подобрување на патната инфраструктура, што е еден од нашите приоритети“, изјави министерката Димитриеска-Кочоска.

Межеван нагласи дека инвестициите во модерна патна инфраструктура и транзитни коридори се клучни за економски раст, отворање пазари, намалување на трошоците за бизнис и привлекување странски инвестиции. „Оваа иницијатива е од витално значење за создавање работни места, градење конкурентна економија и поддршка на реформите за пристапување во ЕУ“, рече таа.

Средствата ќе се користат за воведување ITS систем од граничниот премин Табановце до јужната клучка Велес, вклучително и за кракот 10д, како и за опремување на национален центар за управување со сообраќајот. Проектот предвидува воспоставување систем за собирање податоци за протокот на сообраќај, систем за следење на тежината во движење, контрола на висината на возилата, мониторинг на временските услови и следење на транспортот на опасни материи.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран