УТРО.мк

Омерагиќ: Клубовите од Втората лига ослободени од котизација по 15 години

Омерагиќ: Клубовите од Втората лига ослободени од котизација по 15 години
Vero

Клубовите од Втората македонска фудбалска лига од оваа сезона ќе се натпреваруваат без обврска за плаќање котизација, соопшти претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ.

„Со оваа одлука правиме значаен чекор напред во создавање подобри услови за работа, финансиско олеснување и унапредување на натпреварувањето“, истакна Омерагиќ.

Тој додаде дека со укинувањето на котизацијата, клубовите се ослободуваат од вкупен финансиски товар од 128.000 евра по сезона, што претставува директна поддршка и зајакнување на нивната стабилност.

Ова е првпат по речиси 15 години клубовите да добијат вакво олеснување, кое ФФМ го смета за важен потег во насока на развој на фудбалот и поддршка на помалите клубови.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран