УТРО.мк

Омерагиќ: Честитки за младата репрезентација, вака се гради иднината на фудбалот

Омерагиќ: Честитки за младата репрезентација, вака се гради иднината на фудбалот
Vero

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати честитки до репрезентацијата на Македонија до 16 години за двете убедливи победи против Црна Гора, со резултати 5:0 и 3:0.

„Оваа генерација покажа храброст и победнички менталитет. Вака се гради иднината! Без еуфорија, се разбира. Фудбалот носи и победи и порази. Најважно е сите заедно да продолжиме да работиме, да растеме и чекор по чекор да градиме резултати“, истакна Омерагиќ.

Од ФФМ потенцираат дека ваквите резултати се доказ за квалитетната работа со младинските категории и поттик за уште посилен развој на идните генерации фудбалери.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран