Асоцијацијата на италијанските фудбалски тренери (AИАЦ) повика Израел да биде суспендиран од сите меѓународни натпреварувања поради војната во Газа. Во писмо до Италијанската фудбалска федерација, кое треба да биде проследено до ФИФА и УЕФА, АИАЦ истакна дека тоа е „морален императив“ поради големиот број невини жртви, меѓу кои и спортисти.
„Вредностите на човештвото, кои се темел на спортот, нè обврзуваат да реагираме. Светот гори, а индиферентноста е неприфатлива“, соопшти АИАЦ.
Италија и Израел се во иста група за квалификациите за СП 2026. Натпреварите се закажани за 8 септември во Унгарија и 14 октомври во Удине, по минатогодишната средба во Лигата на нации која мина под силни безбедносни мерки.