Време за утре: Променливо и нестабилно со силен ветер
Утре времето ќе биде променливо облачно, нестабилно и ветровито, со локален дожд и грмежи. Во делови од земјава се очекува засилен, а на места и силен западен ветер со брзина над 70 км/ч, во форма на невреме.
Во Скопје, особено во делови од котлината, ќе има краткотрајни нестабилности со невреме и засилен до силен југозападен ветер.