Македонија беше на чекор до израмнување на стартот од второто полувреме против Белгија, кога Елиф Елмас во свој препознатлив стил ја помина целата противничка одбрана и ја смести топката во мрежата со прецизен, пласиран удар.
Стадионот во Скопје еруптираше од радост, но таа траеше само неколку секунди – англискиот главен судија Кавана доби сигнал од ВАР собата и по проверка го поништи погодокот. Причината: топката наводно го закачила Бојан Илиевски кој бил во офсајд позиција.