УТРО.мк

Навивачите во Битола до зори ја славеа шампионската титула

Навивачите во Битола до зори ја славеа шампионската титула
Vero

Во Битола изминатата вечер владееше празнична атмосфера, откако навивачите до раните утрински часови ја чествуваа освојувањето на титулата, обезбедена со победата над Вардар во Скопје со резултат 30:32. Иако Вардар на свој терен му беше доволен и бод за шампионскиот пехар, сепак Еурофарм Пелистер ја забележа победата и го означи почетокот на големото славје.

Ова е третата узастопна титула за битолскиот клуб и вкупно деветта во богата клупска историја. Ракометарите пристигнаа во Битола со автобус околу полноќ, а прославата продолжи до зори.

За вечерва е закажана нова прослава која ќе започне во 20 часот пред Платото на Офицерскиот дом, каде се очекува да се соберат неколку илјади фанови на битолскиот тим.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран