УТРО.мк

Момците се спремни – Македонија пред историски чекор – Доволно е бод во Кардиф

Момците се спремни – Македонија пред историски чекор – Доволно е бод во Кардиф
Vero

Фудбалската репрезентација на Македонија утревечер од 20:45 часот во Кардиф го игра решавачкиот дуел со Велс, последниот натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026. Нашиот национален тим има јасна цел – да избегне пораз и да го осигура второто место во групата, што би донело на хартија полесен противник во плејофот за пласман на Мундијалот.

Селекторот Благоја Милевски на официјалната прес-конференција порача дека верува во карактерот и квалитетот на своите избраници.

„Подготвени сме за ова што следува. Нѐ очекува натпревар што решава многу, но мојата порака до играчите е да го одиграат со уживање. Велс е силна репрезентација со одличен селектор, но двете екипи се практично исти како на првиот меч во Скопје. Имам доверба дека ќе дадеме вистински одговор и дека ќе ги реализираме нашите цели“, изјави Милевски.

Македонија на првиот дуел славеше минимално во Скопје, а утрешниот меч носи огромен влог – пласман во плејоф со подобра почетна позиција и уште еден чекор кон второто Светско првенство во историјата. Тимот тренираше вечерва на стадионот во Кардиф, а атмосферата во таборот е позитивна и исполнета со мотив да се испише нов фудбалски успех.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран