Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, изрази задоволство од прикажаната игра на своите избраници по ремито со Белгија (1:1) во квалификациите за Светското првенство 2026, но ја нагласи потребата од целосна концентрација за претстојниот дуел со Казахстан.
„Македонија покажа дека има квалитет да се носи со најдобрите репрезентации. Со поддршката од публиката успеавме да освоиме бод против првиот фаворит во нашата група. Сепак, овој резултат нема ништо да значи ако не го победиме Казахстан в понеделник. Затоа мора да ги заборавиме претходните две кола и да се фокусираме на нашиот следен ривал. Ако играме вака, тимски и пожртвувано, ќе ја оствариме целта“, изјави Милевски.
Македонија по три одиграни кола има пет бода и се наоѓа на втората позиција во Ј-групата, зад Велс кој води со седум. Казахстан има три бода од два натпревари, Белгија е со еден бод од еден натпревар, додека Лихтештајн е на дното без освоен бод.
Наредниот натпревар, против Казахстан на гостински терен, може да биде пресуден за амбициите на „црвено-жолтите“ во борбата за пласман на Мундијалот.