Аргентинската фудбалска легенда Лионел Меси најави дека постои можност да го пропушти Светското првенство кое ќе се одржи следното лето, нагласувајќи дека можеби ќе го следи турнирот од трибините, наместо да настапува на теренот.
„Се надевам дека ќе можам да бидам таму. Веќе реков дека би сакал да учествувам. Но, во најлош случај, ќе бидам присутен и ќе го гледам во живо, што сепак ќе биде посебно“, изјави Меси, цитиран од ESPN.
Осумкратниот добитник на „Златната топка“ ќе наполни 39 години во јуни и додава дека сѐ уште има желба за натпреварување, но возраста и физичката подготвеност можат да влијаат на неговото учество на престојниот турнир.



























