УТРО.мк

Луис Хамилтон верува во Ферари: „Тимот е подготвен за титулата во 2026“

Луис Хамилтон верува во Ферари: „Тимот е подготвен за титулата во 2026“
Vero

Луис Хамилтон ја изрази својата доверба дека новиот тим на Ферари е подготвен да се бори за шампионската титула во 2026 година, иако резултатите од претсезонските тестирања се далеку од очекуваните. Британскиот седумкратен светски шампион повика на внимателност, предупредувајќи дека вистинската слика ќе стане јасна дури со почетокот на сезоната.

„Претсезонските тестирања не ни открија многу, секој се криеше зад различното количество гориво во болидите. Пробував да разговарам со Тото Волф од Мерцедес и Зак Браун од Мекларен за да добијам некоја информација, но безуспешно“, откри Хамилтон во разговор за „FormulaPassion.it“.

И покрај тоа, искуството од минатата сезона му дава оптимизам. „Она што го поминавме минатата година не’ направи посилни. Овој тим има сè што му е потребно за да победи – сега останува да ја завршиме работата заедно со нашите навивачи. Лесно е да се каже, но тешко да се направи. Јас дојдов во Ферари затоа што верував во нив – и таа доверба е сè уште тука“, додаде возачот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран