
Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, денес јасно порача дека Европската Унија ја изгубила својата глобална моќ, обвинувајќи ја Бриселската политика за „прекумерна идеолошка заокупеност“. Според него, Европа има потреба од нова динамика, која може да ѝ ја дадат земјите од Западен Балкан.
На форум посветен на регионалната соработка со Балканските земји, Сијарто ја истакна важноста на транзитната соработка со Србија, Бугарија и Турција во снабдувањето со гас и нагласи дека Европа мора да обезбеди дополнителни енергетски ресурси. „За да се гарантира стабилна енергетска иднина, рускиот гас мора да се врати на европскиот пазар“, додаде тој.























