УТРО.мк

Омерагиќ: Преку HatTrick програмата на УЕФА се обезбедуваат подобри услови за развој на фудбалот во Македонија

Омерагиќ: Преку HatTrick програмата на УЕФА се обезбедуваат подобри услови за развој на фудбалот во Македонија
Vero

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, учествуваше на состанок на HatTrick комисијата во седиштето на УЕФА, каде што се разговараше за тековните активности и идните приоритети на оваа програма.

На состанокот беше потенцирана важноста на HatTrick програмата, која претставува една од најзначајните развојни иницијативи на УЕФА. Преку неа, повеќе од половина од нето приходите од Европските првенства се реинвестираат во развојот на фудбалот во националните фудбалски асоцијации.

Омерагиќ истакна дека Македонија има значителна корист од оваа програма, преку која Фудбалската федерација на Македонија реализира инфраструктурни и развојни проекти.

„Горди сме што преку програмата значителна поддршка добива и Фудбалската федерација на Македонија. Со средствата од HatTrick реализираме инфраструктурни и развојни проекти кои создаваат подобри услови за развој на фудбалот и младите фудбалери во Македонија“, истакна Омерагиќ.

Тој нагласи дека ваквите програми се клучни за унапредување на фудбалската инфраструктура и за создавање подобри можности за младите таленти во земјата.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран