УТРО.мк

Адвокатот и бранителот на Македонците во Бугарија Тони Менконоски на црна листа на Софија – не смее да влезе во Бугарија

Адвокатот и бранителот на Македонците во Бугарија Тони Менконоски на црна листа на Софија – не смее да влезе во Бугарија
Vero

Адвокатот Тони Менкиноски објави дека официјалните власти во Софија, Република Бугарија, донеле одлука со која му се изрекува забрана за влез во државата во траење од 10 години.

Тој за утре најави прес-конференција на која ќе ги изнесе деталите за случајот, оценувајќи дека станува збор за „скандалозна одлука“ и директен притисок врз неговата работа.

-Станува збор за директен напад врз мојата адвокатска дејност и обид за замолчување на мене, како правен застапник на Македонците во Бугарија пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур – наведува Менкиноски во поканата до медиумите.

Тој најави дека на прес-конференцијата ќе ги образложи можните причини за оваа одлука, како и последиците што, според него, произлегуваат од повредата на човековото право на слободно движење и вршење на адвокатската професија во земјата каде што живеат Македонци чии предмети ги застапува.

Прес-конференцијата ќе се одржи утре, на 7 март, со почеток во 11:30 часот во неговата адвокатска канцеларија на булевар „ВМРО“ 7/31 во Скопје.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран