УТРО.мк

ВИДЕО: Експлозии и пожар во американската база Али Ал-Салем во Кувајт

ВИДЕО: Експлозии и пожар во американската база Али Ал-Салем во Кувајт
Vero

Воената база Али Ал-Салем во Кувајт беше погодена од нови напади, по што во базата избувнал голем пожар, јавуваат повеќе меѓународни медиуми. Според првичните информации, нападот бил изведен со балистички ракети и беспилотни летала во рамки на ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток. 

Сателитски снимки и сведоштва од теренот покажуваат густ чад и пламен во делови од базата, а се претпоставува дека е погоден и резервоар за гориво, што предизвикало силен пожар. 

Кувајтските власти потврдија дека во нивниот воздушен простор биле откриени и пресретнати повеќе ракети и дронови насочени кон воени објекти, меѓу кои и оваа база. 

Базата Али Ал-Салем е една од главните американски воени бази во регионот и служи како клучен логистички центар за операции на САД и сојузниците на Блискиот Исток. 

Нападот доаѓа во период на силна ескалација на конфликтот, откако Иран започна серија ракетни и дронски напади врз американски и сојузнички воени позиции во регионот. 

Засега нема официјални информации за бројот на жртви или за точната материјална штета во базата, додека безбедносните служби продолжуваат со проценка на последиците од нападот.

Ali Al-Salem Air Base on fire in Kuwait.pic.twitter.com/2e6S9xnluzhttps://t.co/wkYEDbI34P— Mario Nawfal (@MarioNawfal)March 6, 2026

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран