УТРО.мк

Македонските младинци ги почнаа подготовките за дуелите со Ерменија и Црна Гора

Македонските младинци ги почнаа подготовките за дуелите со Ерменија и Црна Гора
Vero

Македонската младинска фудбалска репрезентација ги започна подготовките за октомврискиот квалификациски циклус, во кој ја очекуваат два важни натпревара на патот кон Европското првенство 2027.

Првиот предизвик младите „црвено-жолти“ ќе го имаат на 10 октомври, кога на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола ќе ја угостат селекцијата на Ерменија. Само четири дена подоцна, на 14 октомври, тимот ќе гостува во Тузи на дуел со Црна Гора.

Селекторот Горан Станиќ за овој циклус нема да може да смета на двајца фудбалери – Мухамед Елмас од Македонија Ѓ.П. и Џезаир Авдули од Арсими, кои отпаднаа поради повреди.

Играчот од средниот ред, Теодор Николовски, истакнува дека репрезентацијата влегува во натпреварите со голема мотивација и јасна цел.

„Подготвени сме и целосно фокусирани на задачите што ни ги постави селекторот. Верувам дека овојпат ќе го преточиме добриот впечаток од претходните мечеви во конкретен резултат. И покрај поразите, имавме добри периоди во играта и создадовме сериозни шанси за гол. Сега сме свесни каде грешевме и сигурен сум дека ќе изгледаме подобро во следните натпревари,“ изјави Николовски.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран