УТРО.мк

Лука Модриќ се враќа во Реал Мадрид

Лука Модриќ се враќа во Реал Мадрид
Vero

Легендарниот хрватски фудбалер Лука Модриќ планира да се врати во Реал Мадрид откако ќе ја заврши играчката кариера. По повеќе од една деценија помината во „кралскиот клуб“, Модриќ го напушти Реал и се пресели во Милано, каде што ќе ја заврши својата величествена кариера.

Шпанските медиуми објавуваат дека по завршувањето на играњето, Модриќ ќе се приклучи на младинската академија на Реал Мадрид, каде што ќе започне тренерско искуство со младите надежи. Целта е постепено да гради знаење и искуство кое би можело да го одведе до првиот тим и позицијата главен тренер во иднина.

И покрај плановите за иднината, Модриќ сè уште е целосно фокусиран на теренот. Во дресот на Милан, тој продолжува да пружа игри што потсетуваат на неговите најдобри денови во Мадрид, а пред него е и нов предизвик – Светското првенство, каде што ќе се обиде да стигне до трет последователен медал со Хрватска.

Во текот на своите 14 сезони во Реал Мадрид, Модриќ освои 28 трофеи, меѓу кои пет титули во Лигата на шампионите, четири шпански првенства и Златната топка во 2018 година, оставајќи неизбришлив белег во историјата на клубот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран