Словенија е потресена од трагичното убиство што се случи синоќа во Ново Место. Пред кафе-барот „Локал Патриот“ на улицата Розманова, смртно е нападнат 48-годишниот Алеш Шутар, познат локален угостител.
Според извештаите, инцидентот се случил откако Шутар пристигнал да го земе својот син, кој побарал помош бидејќи бил закануван од група млади лица од ромската заедница. Полицијата примила пријава за нападот околу 2:30 часот наутро.
И покрај брзата интервенција и хитан транспорт до болница, мажот починал од тешки повреди на главата. Уапсен е 20-годишен осомниченик, исто така член на ромската заедница, кој претходно бил познат на полицијата.
„Доби удар во вилицата со боксер. Падна и удри со главата во земја. Чекавме брза помош 14 минути, иако пеш би дошле за три до четири минути“, изјави еден од пријателите на Шутар.
Инцидентот ја потресе јавноста во Ново Место и отвори прашања за безбедноста на јавните места и за брзината на медицинската интервенција.































