УТРО.мк

Србија останува без нафта? Танкерот остана блокиран во Хрватска поради санкции

Србија останува без нафта? Танкерот остана блокиран во Хрватска поради санкции
Vero

Испораката на нафта за Нафтната индустрија на Србија (НИС), која е во мнозинско руско сопствеништво, беше стопирана поради американските санкции, што го доведува во прашање работењето на единствената рафинерија во земјата, јавува Reuters.

Извори блиски до ситуацијата наведуваат дека Србија има само неколку дена пред рафинеријата во Панчево да мора да ја прекине преработката на сурова нафта. Од НИС не одговориле на барањата за коментар.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, уште на 9 октомври предупреди дека рафинеријата, која ја снабдува големата половина од пазарот со нафтени деривати, ќе тешко ќе може да работи по 1 ноември. Сепак, Вучиќ посочи дека складиштата се полни и дека постојните резерви треба да бидат доволни до крајот на годината.

Reuters наведува дека танкерот Maran Helios, кој превезувал еден милион барели казахстанска сурова нафта KEBCO за НИС, пристигнал во хрватското пристаниште Омишалј на 9 октомври, на денот кога санкциите стапиле на сила, но товарот никогаш не стигнал до Србија. Хрватскиот оператор на нафтопроводот Јанаф соопштил дека до 8 октомври испорачал целата нафта во својот систем што била во сопственост на НИС, а по тој датум немал нови пошиљки за Србија.

Блокираниот товар сурова нафта би бил доволен за работа на рафинеријата околу 10 дена. Иако резервите на гориво во Србија се скоро полни, намалувањето на залихите ја зголемува зависноста од увоз. Русија и Србија продолжуваат да бараат решение за укинување на санкциите.

„За мене тоа не е прашање. Рафинеријата мора да работи, а бензинските станици мора да останат оперативни“, изјави за Reuters Надежда Кокотовиќ, поранешна раководителка на канцеларијата на НИС за врски со Европската Унија.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран