Една од најголемите кражби на накит во историјата – ограбувањето на накит вреден над 100 милиони долари од Лувр во Париз – може да имала бизарен обрт. Бившиот американски крадец на накит, Лери Лоутон, изјави дека ограбувачите можеле да ги пренесат драгоцените предмети од Франција на најнеобичен начин – скриени во своето тело.
Четворица крадци украдоа накит вреден 102 милиони долари, а француските власти сè уште трагаат по нив. Лоутон, кој во минатото ограбил 25 златарници во САД, изјави дека професионални крадци никогаш не би носеле накит во рачна торба и дека некои предмети можат да се „спакуваат во тело“, односно во ректум.
Лоутон истакна дека, и покрај нивниот успех, ограбувачите од Лувр не биле професионалци. Еден од нив дури ја оштетил императорската круна на царицата Евгенија, а друг заборавил ракавица на местото на злосторството. Покрај тоа, крадците се обиделе да го запалат камионот и скалите што ги користеле, но не успеале да ги уништат доказите.
Бившиот крадец исто така коментираше дека украдениот накит е тешко да се продаде, бидејќи е препознатлив и реток, што значи дека ограбувачите ќе имаат големи проблеми да го пласираат.
Лоутон појасни дека адреналинот што го чувствуваат крадците е непроценлив и дека накитот, иако скапоцен, не ја прави кражбата „гламурозна“ како што прикажуваат филмовите. Реалноста, според него, е многу помрсна и помалку елегантна од холивудските приказни.































