УТРО.мк

Македонија во мундијалски дуели: Босна, Турција и Бахреин во жестока серија тест-натпревари пред почетокот на Лигата на нации

Македонија во мундијалски дуели: Босна, Турција и Бахреин во жестока серија тест-натпревари пред почетокот на Лигата на нации
Vero

Селекцијата на Босна и Херцеговина е веќе потврден следен противник на македонската фудбалска репрезентација, а дуелот ќе се одигра на 29 март во Сараево, на стадионот „Кошево“ со капацитет од околу 30.000 гледачи. Натпреварот доаѓа во период кога Босанците се подготвуваат за настап на претстојниот Мундијал, што на оваа проверка ѝ дава дополнителна тежина и значење.

Само неколку месеци подоцна, избраниците на националниот тим ги очекува уште едно сериозно гостување. На 1 јуни, Македонија ќе се соочи со Турција во Истанбул, на теренот на Галатасарај, селекција која исто така преку бараж обезбеди учество на Светското првенство. И овој натпревар се гледа како важен тест против противник од највисок ранг.

Јунската серија контролни натпревари нема да заврши тука. Во план е и трет пријателски дуел, во кој Македонија ќе се сретне со Бахреин во Анталија во првата недела од месецот. Овој натпревар, според најавите, би требало да послужи како можност за минутажа на играчи кои имаат помала улога во првите два меча, како и за фудбалери од домашното првенство.

Овие тестови доаѓаат по мартовскиот период во кој македонската репрезентација имаше мешани резултати. По убедливиот пораз од 4:0 од Данска во баражот за пласман на Светското првенство, каде на клупата дебитираше новиот селектор Гоце Седлоски, следеше реми без голови против Република Ирска во Даблин во пријателски натпревар.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран