УТРО.мк

Македонија во баражот со нов селектор: ФФМ ја прекинува соработката со Милевски

Македонија во баражот со нов селектор: ФФМ ја прекинува соработката со Милевски
Vero

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе влезе во баражот за Светското првенство 2026 со нов селектор, откако раководството на Фудбалската федерација на Македонија одлучи да не го продолжи договорот со Благоја Милевски, пренесува Gol.mk. Одлуката доаѓа по низа слаби резултати и растечко незадоволство во јавноста.

Клучен момент за раскинот на соработката бил тежок пораз од Велс (1-7) во Кардиф, кој остави силен впечаток кај претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ. Видно разочаран, тој го напуштил стадионот веднаш по мечот, а резултатот ја запечатил судбината на селекторот.

Според извори од ФФМ, Милевски формално ќе присуствува на ждрепката за баражот во Цирих – обврска договорена претходно – но тоа не значи дека ќе го води тимот во натпреварите што следат. Иако постоел првичен сигнал за продолжување на соработката, последните настапи против Летонија, Казахстан и особено Велс ја смениле одлуката.

Милевски беше именуван за селектор на Македонија во 2021 година, наследувајќи го Игор Ангеловски. Со У21 репрезентацијата постигна историски успех, а со А-тимот водеше неколку значајни победи, но актуелната форма и резултати ја прекинаа неговата мисија на националната клупа.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран