УТРО.мк

Прилеп доби современ мултифункционален спортски центар – Ристовски: Вложуваме во подобра иднина за младите

Прилеп доби современ мултифункционален спортски центар – Ристовски: Вложуваме во подобра иднина за младите
Vero

Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денеска официјално го пушти во употреба новиот современо уреден мултифункционален спортски центар кој се наоѓа во населбата Точила.

Во рамки на овој спортски комплекс изградено е: фудбалско игралиште, игралиште за кошарка, игралиште за одбојка и фитнес зона опремена со современи реквизити.

Со оваа инвестиција на Министерството за спорт, Прилеп се приклучува на мапата на локалните самоуправи во државата кои добиваат современи и функционални простори за спорт и рекреација. Новиот спортски центар обезбедува услови за развој на спортот, рекреацијата и здравите навики кај граѓаните, со посебен фокус на младата популација.

-Со ваквите инвестиции и успешно реализирани проекти испраќаме јасна порака дека спортот е приоритет и дека вложуваме во подобра иднина за младите. Нашата заложба како Министерство за спорт е инвестициите во спортската инфраструктура да бидат рамномерно распоредени низ целата држава и спортот да биде достапен за сите – изјави министерот Ристовски.

Министерството за спорт продолжува со реализација на програмата за изградба и реконструкција на спортската инфраструктура низ целата држава. Целта е создавање достапни, безбедни и квалитетни услови за спорт за сите граѓани, како и поддршка на локалниот спортски развој.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран