УТРО.мк

Мицкоски на отворање на канцеларија во Тирана: Поддршка за Македонците во Албанија

Мицкоски на отворање на канцеларија во Тирана: Поддршка за Македонците во Албанија
Vero

Денеска во Тирана, во присуство на голем број Македонци од Албанија, на покана на Македонското здружение „ВМРО-ДПМНЕ Албанија“, се одржа отворањето на новата канцеларија на здружението.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на Македонија, Христијан Мицкоски, во својот говор ја истакна важноста Македонците во Албанија да имаат можност за здружување, да ја негуваат својата култура, јазик, традиција и идентитет. Тој нагласи дека оваа слобода ја немаат Македонците во Пиринскиот дел на Бугарија, кои во 21 век се спречени да регистрираат невладино здружение и слободно да зборуваат за својот идентитет.

„Ние сме вредни, трпеливи и умни и ве уверувам дека, дали сега или во периодот којшто следи, ќе дојдеме до таа цел“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека македонската држава ќе биде столб за Македонците во светот, држава која е нивна татковина и која со отворени раце ги чека да се вратат и да бидат заедно со Македонците во Македонија.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран