УТРО.мк

Мицкоски е против зголемување на платите на судиите и обвинителите

Мицкоски е против зголемување на платите на судиите и обвинителите
Vero

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, истакна дека не гледа причина за зголемување на буџетот за судството. Тој посочи дека Македонија издвојува значително повеќе средства за правосудниот систем од повеќето земји членки на ЕУ.

„Јас го проучувам периодот и делот со буџетот за обвинителството и судството. Дури и Венецијанската комисија имаше забелешки за членот кој го определува буџетот за судството“, рече Мицкоски.

Тој објасни дека според анализа финансирана од Советот на Европа, Македонија во 2022 година издвојувала 0,39% од БДП за правосудството, додека просекот во Европа е околу 0,3%, а медијаната 0,21%. „Не гледам како може да се оправда покачување на 1,3% од БДП за судството и обвинителството, што би значело дополнителни околу 260 милиони долари годишно“, додаде премиерот.

Мицкоски истакна дека постојат претседатели на судови со месечни примања околу 180.000 денари (околу 3.000 евра), додека неговата плата со стаж е 155.000 денари (околу 2.500 евра). Судиите, според него, почетно земаат над 100.000 денари месечно, што е значително помалку во споредба со земји како Словенија, каде годишната бруто-плата на почетник е околу 34.000 евра.

„Ние нема да се мешаме во плановите за вработување и унапредување на судиите и обвинителите, тоа ќе го одредуваат Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. Но, Владата е одговорна за секој денар од буџетот и ќе ги контролира трошоците“, потенцира Мицкоски.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран