Женската ракометна репрезентација на Македонија стартуваше успешно на турнирот во Анкара, совладувајќи ја домашната селекција на Турција со 29:26. Натпреварот беше израмнет најголемиот дел од времето, со 12:12 на полувреме, но избраничките на селекторот Кристијан Грчевски го презедоа контролата во финишот и стигнаа до важен триумф.
Емилијана Ризоска блескаше со 11 постигнати гола, додека голманката Драгана Петковска се истакна со 10 интервенции, меѓу кои и одбрана на седмерец, што значително го насочи натпреварот во корист на Македонија.
Нашите ракометарки утре од 12 часот ќе играат против Словенија, а турнирот ќе го затворат в недела со дуел против Словачка, кој започнува во 10 часот.



























