УТРО.мк

Американски документ предупредува: Европа на раб на исчезнување за 20 години

Американски документ предупредува: Европа на раб на исчезнување за 20 години
Vero

Во најновата Национална безбедносна стратегија на Соединетите Американски Држави, администрацијата на претседателот Доналд Трамп изнесува остри критики кон Европската Унија, миграциските политики и политичките процеси на континентот, предупредувајќи на можни длабоки културни и општествени промени во наредните 20 години.

Документот од 33 страници наведува дека економските тешкотии со кои се соочува Европа се „засенети од далеку посериозната можност за цивилизациски пад“. Во него се посочува дека ЕУ и други транснационални институции, преку ограничување на политичките слободи и суверенитетот, креираат услови за продлабочување на кризите.

Како главни проблеми се издвојуваат миграциските политики што „го трансформираат континентот“, падот на наталитетот, загрозувањето на националните идентитети и, како што се наведува, зголемениот притисок врз слободата на говор и политичката опозиција.

Според медиумот „Политико“, ваквата реторика е блиска до ставовите на неколку европски крајнодесничарски партии, со кои администрацијата на Трамп воспоставила сѐ поголема идеолошка синхронизација. Во стратегијата директно се охрабрува „растечкото влијание на патриотските европски партии“, кое се опишува како „извор на оптимизам“.

Во документот се повторуваат и тези поврзани со т.н. теорија за „Голема замена“, предупредувајќи дека дел од европските земји „би можеле да станат претежно неевропски“ во следните децении.

И покрај предупредувањата, стратегијата истакнува дека Европа останува „културно и стратешки важна“ за САД. Претседателот Трамп во воведната белешка документот го опишува како „мапа на патот“ за зацврстување на американската глобална позиција.

Новата стратегија, како една од ретките формални надворешнополитички презентации на администрацијата, може да влијае врз распределбата на буџетите и дефинирањето на приоритетите во американските државни институции во следниот период.

Извор: Локално.мк

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран