УТРО.мк

Македонија до 16 одигра 2:2 против БиХ на вториот контролен натпревар

Македонија до 16 одигра 2:2 против БиХ на вториот контролен натпревар
Vero

Младата репрезентација на Македонија до 16 години одигра нерешено 2:2 против соодветната селекција на Босна и Херцеговина во рамките на вториот контролен натпревар одигран помеѓу овие две репрезентации во Зеница.

Двете селекции одигра доста отворен натпревар со многу можности и четири погодоци. Марко Иванов во 47. минута го постигна првиот гол за Македонија. Во 73. минута Васко Папалиски стрелаше за конечни 2:2.

Во првиот контролен натпревар помеѓу овие две селекции, Босна и Херцеговина оствари минимален триумф до 1:0.

Македонија: Ринор Цека, Стефан Јордановски, Марко Иванов, Тео Стојчевски, Филип Цветковски, Бленди Љачка, Лука Кнежевиќ, Лука Георгиевски, Јаков Стојковски, Александар Полимац, Васко Папалиски;

Селектор: Драган Начевски;

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран