УТРО.мк

Македонија денеска го дознава противникот за баражот за СП 2027 во Германија

Македонија денеска го дознава противникот за баражот за СП 2027 во Германија
Vero

Македонската машка ракометна репрезентација денеска ќе го дознае противникот за баражот за пласман на Светското првенство 2027, кое ќе се одржи во Германија. Извлекувањето на двојките е закажано за 14:30 часот.

Со пласманот на 14. место на Европското првенство 2026, кое завршува утре, Македонија обезбеди директен настап во третата бараж-фаза, што значи дека ќе игра само еден бараж двомеч, без претходни елиминации.

Првата фаза од баражите веќе е завршена, втората ќе се игра во март 2026, додека баражот 3, во кој учествува и нашата селекција, е закажан за периодот од 13 до 17 мај 2026 година, со натпревари дома и на гости.

Македонија се наоѓа меѓу носителите во баражот 3, заедно со Франција, Словенија, Норвешка, Шпанија, Швајцарија, Фарски Острови, Холандија и Австрија, што значи дека нема да се сретне со ниту една од овие репрезентации.

Во групата на неносители и потенцијални противници се Чешка, Италија, како и победниците од следните дуели: Босна и Херцеговина – Косово, Грузија – Израел, Украина – Словачка, Србија – Литванија, Полска – Летонија, Турција – Романија, Грција – Белгија и Финска – Црна Гора.

Победниците од баражот 3 ќе обезбедат пласман на Светското првенство и ќе им се приклучат на веќе квалификуваните европски селекции: Германија како домаќин, Данска како актуелен светски првак, како и Хрватска, Исланд, Португалија и Шведска, кои завршија од третото до шестото место на ЕХФ ЕУРО 2026.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран