УТРО.мк

Од утре „Сејф Сити“ официјално казнува: Високи глоби за брзо возење, црвено и непрописно паркирање

Од утре „Сејф Сити“ официјално казнува: Високи глоби за брзо возење, црвено и непрописно паркирање
Vero

Од утре официјално започнува со работа полицискиот систем „Сејф Сити“, кој автоматски ќе ги регистрира и санкционира сообраќајните прекршоци низ Скопје. Во првата фаза, системот ќе детектира надминување на дозволената брзина, поминување на црвено светло, непрописно запирање и паркирање, како и управување со нерегистрирано возило.

Според најавите, најстрого ќе се санкционира поминувањето на црвено светло, за што е предвидена глоба од 250 евра и одземање на возачката дозвола во период од три до 12 месеци. За пречекорување на дозволената брзина, казните ќе се движат од 15 до 300 евра, во зависност од степенот на прекршокот.

Непрописното запирање и паркирање ќе се казнува со глоби од 25 до 180 евра, додека управувањето со нерегистрирано возило ќе чини меѓу 100 и 500 евра. Од Министерството за внатрешни работи потсетуваат дека глобите може да се намалат за 50 отсто доколку се платат во рок од осум дена.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран