УТРО.мк

Производителите принудени да се прилагодат на најсовремената технологија против загадувањето од септември 2027

Производителите принудени да се прилагодат на најсовремената технологија против загадувањето од септември 2027
Vero

Од септември 2027 година, компаниите во земјава ќе мора да се придржуваат до построги стандарди за контрола на емисиите, најави денеска министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа. На брифинг со новинарите, Хоџа потенцираше дека новиот Закон за контрола на емисиите, кој беше усвоен кон крајот на минатата година, ќе ја зајакне улогата на Министерството во надзорот и спроведувањето на строгите правила за индустријата.

„Со Законот се воведуваат конкретни обврски за компаниите: при барање на интегрирана дозвола, ќе мора да воведат најсовремени технологии за заштита на воздухот од штетните емисии. Досега тоа беше препорака, сега станува законска обврска,“ појасни раководителката на секторот за контрола на емисии.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран