УТРО.мк

Што ќе се случува со Лизинг-возилата и Сејф Сити – Каде ќе стигунваат казните?

Што ќе се случува со Лизинг-возилата и Сејф Сити – Каде ќе стигунваат казните?
Vero

Лизинг-компанија од Македонија извести дека, по барање на Министерството за внатрешни работи и согласно законските обврски поврзани со проектот „Безбеден град“, податоците за корисниците на возила земени на лизинг се доставени до МВР. Од сега, казните за сообраќајни прекршоци ќе се упатуваат директно кај возачите на овие возила.

Компанијата објаснува дека, според измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за прекршоците, како и новиот електронски систем за евиденција на прекршоци, таа нема да прифаќа платни налози за лизинг-возила. Доколку такви налози се достават до компанијата, таа ќе поднесе известување до суд дека возилото е дадено на корисник кој реално управува со него.

Причината е јасна: компанијата не управува со возилата и не може да се смета за одговорна за прекршоците. Ова го штити и правото на корисниците, кои можат да поднесат приговор или, доколку ја признаат одговорноста, да го искористат законското право на намалување на казната до 50 проценти при навремено плаќање.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран