
Основното јавно обвинителство Тетово поведе истражни постапки против вкупно 4 лица по претресите во Брвеница, во кои беше пронајдена наркотична дрога и оружје.
Тројца од нив се осомничени за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 од Кривичниот законик.
Така, кај еден осомничен биле пронајдени пиштол со 2 куршуми во рамка и уште 20 куршуми за автоматска пушка.
Кај друг осомничен полицијата пронашла 55 куршуми, oд кои 53 куршуми боева муниција забранета за граѓаните, додека кај третиот бил пронајден пиштол без шаржер.
Четвртото лице кај себе држело 3,15 грама кокаин во моментот на претресот, поради што му е поведена истрага за – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 од Кривичниот законик.



























