УТРО.мк

Почина актерката Кетрин О’Хара, икона на комедијата и телевизијата

Почина актерката Кетрин О’Хара, икона на комедијата и телевизијата
Vero

Канадско-американската актерка Кетрин О’Хара, позната по улогите во филмовите „Битлџус“ и „Сам дома“, како и по ликот на Моира Роуз во популарната серија „Schitt’s Creek“, почина на 71-годишна возраст.

Веста за нејзината смрт ја потврди член од тимот на нејзиниот долгогодишен менаџер Марк Гурвиц за CNN, без да бидат соопштени дополнителни детали околу причината за смртта.

О’Хара ја започна својата кариера во легендарната комичарска и театарска група Second City во Канада, каде што брзо се истакна со својот препознатлив стил и силно комично присуство. Преминот кон филмот ѝ донесе меѓународна слава, особено со улогите во „Битлџус“ (1988) и „Сам дома“ (1990), каде што ја толкуваше мајката на Кевин Мекалистер.

Во текот на кариерата, О’Хара оствари плодна соработка со режисерот Кристофер Гест, појавувајќи се во неколку култни мокументарни филмови, меѓу кои „Waiting for Guffman“ и „Best in Show“. Нејзината интерпретација на Моира Роуз во „Schitt’s Creek“ ѝ донесе нова генерација обожаватели и бројни признанија, вклучително и награди за најдобра актерка во комедија.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран