УТРО.мк

Почина Костадинка Палазова, гласот што го оживуваше македонското народно наследство

Почина Костадинка Палазова, гласот што го оживуваше македонското народно наследство
Vero
kostadinka palazova
kostadinka palazova

Големата македонска народна пејачка Костадинка Палазова, позната како жената со глас на славеј од Гостивар, почина вчера (28 јануари) по кратко боледување. Со својата исклучителна дарба и неповторливиот глас, таа остави неизбришлив белег во македонската музичка традиција.

Родена во 1939 година во село Едомени–Гумение, во Егејска Македонија, Костадинка своето детство го поминува во постојани преселби, како дете на бегалци од родната земја. Судбината ја води кон Гостивар, каде што подоцна ја градеше својата професионална и музичка кариера. Пред да се посвети целосно на музиката, работела како учителка во селата Сретково и Симница, а подоцна и во училиштето „Единство“ во Гостивар, од каде и се пензионирала.

Почнува да се бави со музика по нејзиниот прв настап на Радио Телевизија Скопје, во емисијата „Вие пред микрофонот“, каде ја освои првата награда. Од 1960 година, Костадинка започнува да снима и настапува, создавајќи богат опус од околу триста народни песни. Соработувала со речиси сите големи оркестри на Македонската радио телевизија, со Големиот народен оркестар на Пеце Атанасовски, „Чалгиите“ на Илми Баки, како и со познати музички имиња од регионот и пошироко – Кочо Петрески, Драги Митев, Миодраг Јашаревиќ од Сараево, Бранко Миленковиќ од Белград, Костадин Гугов од Софија и многу други.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран