УТРО.мк

Данска со убедлива победа го заокружи патот кон полуфиналето на ЕП

Данска со убедлива победа го заокружи патот кон полуфиналето на ЕП
Vero

Данската ракометна репрезентација со доминантна партија против Норвешка (38-24) ја потврди првата позиција во групата и дефинитивно го расчисти распоредот за полуфиналните пресметки на Европското првенство.

Во дуелот меѓу скандинавските селекции, Данска од самиот почеток ја наметна својата игра и без поголеми проблеми стигна до висока и заслужена победа, оставајќи ја Норвешка без шанса за изненадување.

Иако беше познато кои четири селекции ќе се борат за медали уште пред последното коло од главната фаза, токму овој натпревар го одреди конечниот распоред на полуфиналните дуели. Данска, како првопласирана, ќе се соочи со Исланд во борбата за финале, додека во вториот полуфинален натпревар ќе играат Хрватска и Германија.

Во мечот за пласман, Шведска ја совлада Швајцарија со убедливи 34-21 и ќе разигрува за петтото место на шампионатот.

Полуфинале:

Данска – Исланд

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран